Тој вечен шармер, Шон Конери

Во чест на неговиот 84-ти роденден ова се 10-те занимливости кои (можеби) не ги знаете за славниот глумец и вечниот шармер Шон Конери.

sk9

1. Прогласен е за „Најсексапилен жив маж“ во 1989 година и „Најсексапилен маж на векот“ во 1999 година.

2. Ја одбил улогата на Гандалф и 15 отсто од заработката од филмот Господар на прстените, образложувајќи дека не го разбира сценариото. Оваа грешка го чинела речиси половина милијарда долари.

3. Името за филмот „Никогаш не вели никогаш“ го предложила неговата сопруга Мишелин.

4. Во една прилика бил казнет поради брзо возење, а казната му ја врачил извесен полијаец кој се викал Џејмс Бонд.

5. Изгубил невиност и почнал да пуши кога имал само 9 години. Го напуштил училиштето на 13-годишна возраст. Во младоста бил во морнарица, активно вежбал бодибилдинг и ја одбил понудата да игра за Манчестер Јунајтид за да почне да се занимава со глума.

sk12

 

6. Во 1953-та година учествувал на Мистер Универзум и го освоил третото место.

7. Во 1998 година Стив Џобс неколку пати му се обратил со цел да го наговори да сними реклама за Епл. После неколку негативни одговори од страна на глумецот, одлучил и да му го напише тоа – дека не е заинтересиран  и еднаш засекогаш да го увери дека од снимање на рекламата нема да има ништо и никогаш нема до тоа да дојде. „Разбирате англиски, нели?.Јас нема да ја продадам мојата душа за Епл или било која друга компанија“, пишува во пимото.

sk1

8. Во брак е речиси цели 40 години со Мишелин Рокебрин која е постара од него три години.

 

Шон и Мишелин

Шон и Мишелин

 

9. Борец е за независност на Шкотска. Едната од двете тетоважи што ги има е „Шкотска засекогаш“ (другата е мама и тато). Прогласен е за најголем жив Шкот.

sk87

10. Титулата витез ја прими во 2000-та година од кралицата Елизабета Втора за придонес во филмот.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...