Толкин не излегува од мода

Во чест на новиот филм на најавената трилогија за Хобитите, Хобитот – неколку факти за авторот на ова незаборавно дело, Џ.Р.Р Толкин, кои можеби не ги знаевте.

Џ.Р.Р Толкин

Џ.Р.Р Толкин

Професорот по англиски јазик и литература на Оксфорд, Џон Роналд Руел Толкин, измислил околу 14 јазици. Не е точно утврдено колку јазици измислил Толин, но со тоа почнал да се занимава уште во младоста. Некои од измислените јазици ги користел во своите книги. Покрај тоа, ги проучувал и средновековните јазици, стариот велшки и ломбардискиот. Неговата песна BagmÄ“ BlomÄ” веројатно е прва оригинална песна напишана на готски јазик, по повеќе од 1.000 години.

Толкин не го пишувал Хобитот за деца. Иако и самиот имал деца, а со тоа и навика да им измислува приказни. Хобитот го напишал така за да го разберат возрасните. Не верувал во поделба на латературата на детска и за возрасни. Не верувал ниту во пишувањето за било кој.

Иако бил загрижен љубител на книгите, многу ретко една иста книга ја читал двапати.

Почнал да ја пишува Средна Земја во 1917 година, додека се одморал во еден ров за време на Првата светска војна. Еден од мотивите да почне да ја пишува Средна Земја била желбата да создаде англиска митологија по пример на германската и келтската кои многу ги почитувал.

Текстовите на Толкин за германскиот јазик и култура биле многу популарни меѓу главните нацисти кои биле опседнати со идејата да ја обноват старата германска цивилизација. Сепак, Толкин прилично се згрозувал од Хитлер и нацистичката политика, а за тоа дури и јавно говорел. Размислувал да го забрани објавувањето на германскиот превод на Хобитот бидејќи германскиот издавач, држејќи се до тогашниот германски закон, му побарал да потврди дека е Ариевец. Наместо потврда, Толкин напишал едно остро писмо во кое, меѓу другото, рекол дека жали што не е роден како Евреин.

Толкин и Едит - заеднички надгробен споменик

Толкин и Едит – заеднички надгробен споменик

Неговата сопруга Едит Брат била инспирација за карактерот Лутјен од Силмарилион. На 16 години Толкин се вљубил во Едит која била три години постара. Неговиот тутор, католички свештеник, бил згрозен дека неговиот штитеник се гледа со протестантка и му забранил да ја гледа се додека не наполни 21 година. Откако наполнил 21 година, ја сретнал Едит. Таа потоа ја раскинала веридбата со едно друго момче и станала католик. Толкин и Едит живееле во среќен брак до крајот на животот. По негова желба, двајцата го делат и надгробниот споменик на кој покрај имињата е напишано и Берен (Толкин) и Лутјен (Едит).

Не постои автор кој толку се објавува после смртта како што е Толкин. Белешки, хартивчиња, скици, заедно со ракописите кои тој сам никогаш не ни размислувал да ги објави, се уредуваат, комбинираат, спојуваат во компилации, се печатат, се разбира се тоа по неговата смрт. Најголем дел од овие изданија ги подготвува неговиот син Кристофер.

Најпознатото посмртно дело на Толкин е секако Силмарилион, а меѓу другите дела се Историјата на Средната Земја и Недовршени приказни. Толкин за време на животот ги објавил само Хобитот и Господарот на прстените.

Господарот на прстените оригинално бил замислен како една книга. Отпечатен е како трилогија зашто издавачот на Толкин се исплашил дека објавувањето на големиот роман финансиски ќе го уништи.

Битлси биле големи љубители на книгите на Толкин. Џон Ленон дури сакал и да сними филмот Господарот на прстените, а секој од членовите на бендот би имал по една од главните улоги. Пол Макартни како Фродо, Ринго Стар како Сем, Џорџ Харисон како Гандалф и самиот Ленон како Голум. Познатата четворка сакала тој филм да го режира никој друг туку Кјубрик. Но, ниту на Толкин ниту на Кјубрик оваа идеја им се допаднала, а Кјубрик дури мислел дека тоа е невозможно да се сними.

Питер Џексон не го споделувал тоа мислење, па после успесите со Господарот на прстените и Хобитот доби свои два филмски дела, а третото се очекува на крајот на 2014 година.

С.Спасиќ

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...