Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон се позитивни на коронавирус

Двојката е во Австралија каде што актерот снима филм за Елвис Присли. Објавата е постирана на Инстаграм.

-Здраво луѓе. Јас и Рита сме долу, во Австралија. Се чувствувавме малку уморни, чувствуваме студ и болка во мускулите. Рита чувствува студ на бранови, доаѓа и си замина. Дури и мала треска. За да ги направиме работите добро, како што е неопходно во светот сега, го направивме тестот за коронавирус и тој се покажа позитивен“, ова се зборовите на актерот, кој престојува со својата сопруга во Австралија за снимање на филм за Елвис Присли.

Том Хенкс и Рита Вилсон се под лекарско набљудување и изолирани, а изолирани ќе останат онолку долго колку што е потребно за јавното здравје и безбедноста.

– Грижете се за себе, додава ѕвездата на Инстаграм.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија работи во домашна атмосфера со мокасинки

Шпанија доживува тежок период поради итните случај од коронавирусот. Па дури и ...