Тони Зен го промовираше својот најнов албум „Од изворот на изборот“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер, во МКЦ клуб и ресторан, хип хоп артистот Тони Зен го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по тој повод пред присутните се обрати:

Сите 8 песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“.

Меѓу присутните гости беа пеачот Виктор Апостоловски, македонската поп икона Дани Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски, познатиот пеач и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ…

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни. Текстовите ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја создаде заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.

Фото: Стефан Рајхл

x

Check Also

 Винаријата „Сковин Група“ со новата берба ја продолжува традицијата на производство на вино од Скопскиот регион

Со бербата на грозјето Шардоне продолжува традицијата на производство на вино од Скопското виногорје. Винаријата „Сковин ...