Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Познатиот хип хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОЈ се, и да превземат одговорност за сопственото постоење. Насловот „Од изворот на изборот“ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“, објаснува Петковски.

Две видеа со песни од албумот се веќе снимени и 3 lyric видеа се исто така во изработка, а ќе бидат промовирани наскоро.

Албумот е отпечатен во 1000 копии и ќе го има во продажба од 23ти мај.

x

Check Also

Магијата на италијанската кујна во Дистрикт бар и ресторан

Почнувајќи од 19-ти па сè до 26-ти ноември, Дистрикт бар и ресторан ...