Топ 10 дводелни костими за капење од women’secret за секси жешко лето

Не размислувајте двапати – најголем избор на костими за капење (едноделни и дводелни) ќе најдете во брендираната продавница women’secret  во Скопје сити мол. А ние овојпат одбравме 10 најубави модели на дводелни костими за капење по наш избор.

Во фокусот на новата колекција се тропските принтови, црвената боја, цветовите и листовите, карнерчињата како додатоци и интересните детаљи кои „висат“ од горниот дел па одлично се комбинираат – за женствен и модерен изглед – со обетки во силни бои кои истотака „висат“.

Сите модели совршено се надополнуваат со парео, но и со куси тексас панталончиња како и со проѕирни фустанчиња.

Толку се пријатни за носење и со толку софистициран дизајн што веруваме дека ќе се обидете да ги облечете и како секси топ за дневни кежуал „шеми“. 

Ѕирнете во излогот претставен во фотогалеријата.   

x

Check Also

Новите Ray-Ban очила за сонце се „лудница“  

Новата колекција на очила за сонце насловена Ray-Ban Studios x Honey Dijon е ...