Во новата колекција Guess ги содржи сите жешки трендови актуелни на „стрит стајл“ сцената.
Есенската колекција на Guess изобилува со урбани кроеви, силни бои и интересни принтови. Акцентот е на есенските нијанси – портокаловата, црвената, зелената и црната боја, како и на карираните материјали и трендовскиот „анимал“ принт.
Облеката и модните додатоци се во поп арт стилот, а тука е и логоманијата – во преден план, логото на Guess.
Во есенската приказна на популарната модна марка се најде и малиот црн фустан украсен со златни детали, фармерките разубавени со штрас, кратките чизмички на висока потпетица, впечатливите чанти, кратката кожена јакничка во црвена боја…Погледнете ги нашите фаворити во фотогалеријата.