Кожата повеќе не е тоа што беше – црна и класична.
Кога ќе ви здодеат фармерките или панталоните, можете да посегнете за модел на кожена сукња кој ќе ја разбие есенската монотонија.
Со мини или со миди должина, тесна или широка, еднобојна или со детаљи на неа, а може и во силна нијанса. Во богатата понуда на популарните „хај-стрит“ брендови лесно ќе најдете совршен модел за себе кој подеднакво добро ќе се вклопи во дневните и деловните варијанти, но и за вечерни излегувања.
Оваа есен не постои забранета боја на кожена сукња. Иако сеуште доминира црната боја, во понудата наоѓаме интересни модели во црвена, вишна и жолта боја.