Топ 10 модни трендови за пролет 2018

Што ќе доминира оваа пролет на уличната модна сцена?

Од враќање на ресите и наборите до голем „камбек“ на вестерн стилот, особено на „каубој“ чизмите, пред нас е интересна модна сезона која дополнително ќе не расвесели со првите потопли денови.

Во продолжение, прочитајте кои се „најжешките“ 10 трендови кои може да ги „носите“ уште од сега.

Виолетова боја

Ултра-виолетовата боја или нијансата лаванда е боја на годината. Очекувајте дека модните парчиња во оваа нијанса ќе доминираат во пролетните колекции.

Michael Kors, пролет 2018

& Other Stories

Реси

Ретро-фустаните со реси се враќаат на модната сцена.

Calvin Klein пролет 2018

Пластични модни додатоци

Пластични чанти, најчесто проѕирни, но во понудата на луксузните модни марки доминираат и пластичните чевли, пластичните ремени и шапки. Секако, очекувано е да ги видиме и во пролетните колекции на популарните хај-стрит модни марки.

Chanel пролет 2018

Набори

Ви се допаѓале ваквите модели или не, модните парчиња со набори ќе ги гледаме се почето.

Peter Pilotto пролет 2018

Големи светкави обетки

Воопшто предимензионираните обетки се многу актуелни, а во центарот на вниманието ќе бидат оние кои дополнително и светкаат.

Prabal Gurung пролет 2018

Панталони со висок струк

Женствените панталони со нагласен висок стук и годинава остануваат во „игра“.

Free People

Логоманија

Препознатливите лого-а на модните марки сега се поставени на „ударно“ место. Важно е да се гледаат.

Fendi пролет 2018

Микс-принт

Принтот е уште поразигран, земајќи предвид дека миксовите се драматични.

Temperley London пролет 2018

Светкави модни парчиња 

Модните дизајнери ни препорачуваат оваа пролет светкавите модни парчиња да ги носиме смело за дневни модни комбинации.

Christian Dior пролет 2018

Вестерн стил

„Каубојските“ чизми се враќаат на модната сцена. Се носат со висина до глуждовите.

River Island

 

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...