Хелсинки

Топ 10 најдобри градови во светот за шетање

Ако сакате активен одмор и прошетка низ улиците кои од сите страни ви го одземаат вниманието, тогаш овие топ 10 дестинации не треба да ги заобиколите. Подеднакво се прекрасни за прошетка во сите сезони, и зиме и лете.

Минхен

Минхен

Минхен

Преубави баварски сцени ќе ве пресретнуваат во центарот, а тука се наоѓа и еден од најголемите паркови во Европа. Гастрономијата е посебно искуство, а шопингот ќе го најдете во зоната опкружена со орнаментни згради меѓу кои и катедралата Фројенкриш.

Кјото

Фасцинантен спој на модерното и историјата, импозантни храмови, цветни аранжмани кои одземаат здив – Кјото е дефинитивно дестинација во која нема да помислите на такси туку ќе сакате да одите насекаде пеш.

Кјото

Кјото

Хелскинки

Хелсинки е познат по неговите пешачки зони и чистата околина. Автомобили речиси и нема во центарот, а градот изобилува со препознатливи скандидавски објекти.

Бордо

Неокласични градби, пешачки булевари, фонтани, а тука е и најголемиот рефлективен базен во светот. Не мора да одите пешки, изнајмете велосипед како што тоа го прават жителите на Бордо.

Фиренца

Понте Векио, улички од калдрми, симпатични барови во кои ќе го испиете италијанското еспресо, бројни пешачки зони и многу романтична атмосфера. Тоа е Фиренца!

Њујорк

Градот кој никогаш не спие изобилува со енергија, а Менхетен е толку шармантен што ќе посакате да ги откриете сите негови делови – од Сохо до Мала Италија, па се до Централ Парк.

Њујорк

Њујорк

Перт

Истражете ги старите улици, преубавата архитектура и зелените зони. Во Перт постои прекрасна културна сцена која најдобро ќе ја запознаете ако појдете пеш низ градот.

Ванкувер

Различни култури ќе ве пресретнат во Ванкувер, но неизбежна е прошетката покрај крајбрежјето Фалс Крик која води до романтичното острово.

Ванкувер

Ванкувер

Сан Франциско

Еклектичните делови на градот најдобро ќе ги почувствувате движејќи се низ него пеш. Задолжително прошетајте преку мостот Голден Гејт и така ќе стигнете до Пјер 39 каде би можеле да го дегустирате најубавиот сладолед.

Монтевидео

Во главниот град на Уругвај ќе ги видите најоригиналните плоштади, арт-деко објектите, но и најубавиот залез на сонцето.

x

Check Also

Националната асоцијација за дојдовен туризам во посета на Охрид

Форт Кафе од Охрид, Вила Мина од Лагадин и Бродот Армада кој ...