Форбс ја објави листата на најдобро облечени милијардери за оваа година. На првото место се најде сопственикот на Зара, Амансио Ортега.
Амансио Ортега, сопственикот на модниот гигант Зара, кој е воедно и најбогат Шпанец, се најде на врвот на листата на најубаво облечени луѓе. Ортега нема завршено ни средно училиште, но од својата 14 година е во модниот бизнис.
Бернард Арно, француски бизнисмен и колекционер на уметнички дела, тежок 29 милијарди долари, се најде на второто место. Арно е претставник на корпорацијата LVMH уште од 1989 година.
Сопствениците на Шанел, Жерард и Ален Вертемер се на третото место.
Армани годинава е на 4-то место, а зад него е колешката Мјучиа Прада.
На шестото место е Ралф Лорен, по него – сопственикот на Дизел, Ренѕо Розо, седма е дамата која во модниот свет внесе чорапи кои визуелно прават да изгледате послаби – Сара Блејкли, потоа Стефано Габано и Доменико Долче, а на 10-то место е американската креаторка Тори Бурч.