Топ 10 најочекувани ѕвезди на Канскиот филмски фестивал

Од 17-ти до 28-ми мај рефлекторите ќе бидат насочени кон Канскиот филмски фестивал. 70-то издание на овој популарен фестивал, очекува големи ѕвезди, а меѓу нив и 10 топ имиња.

 

1.

Моника Белучи

Годинава таа ќе биде домаќинка на фестивалот и ќе ја води церемонијата на отворањето и затворањето на фестивалот. Присутните ќе имаат можност да ја видат и како дел од новиот „Твин Пикс“ од Дејвид Линч.

2.

Вил Смит

Американскиот глумец ќе биде дел од жирито предводено од Педро Алмодовар. Ќе биде интересно да се проследи и неговото појавување на црвениот тепих, поради екстравагантниот стил, заедно со убавата сопруга Џеjда Пинкет, глумица и пејачка.

3.

Џесика Чејстејн

Таа е честа гостинка на Канскиот фестивал, но овојпат ќе биде дел од жири-комисијата. И таа ќе има тешка задача да одлучува кои се најдобри филмови и најдобри улоги меѓу нејзините колеги.

4.

Ума Турман

Глумицата се враќа на Канскиот фестивал, после подолга пауза, поточно после успехот на филмот „Pulp Fiction“. Сега таа ќе биде претседател на жирито на селекцијата „Un Certain Regard“.

5.

Кристин Стјуард

И оваа глумица е чест гостин на фестивалот. Овојпат ќе се престави како режисерка на краткометражен филм.

6.

Роберт Патисон

Се очекува на црвениот тепих, но и како претставник на филмот „Good Time“. Ќе биде интересна средбата со неговата поранешна љубов, Кристин Стјуард.

7.

Никол Кидман

Со најголема возбуда се очекува присуството на Никол Кидман која инаку глуми во филмот од Софија Копола „The Beguiled“ кој ќе се прикажува на Канскиот фестивал.

8.

Ел Фенинг

Како дел од екипата на филмот „The Beguiled“се очекува Ел Фенинг. За оваа русокоса актерка многумина велат дека е „копија“ на Никол Кидман, па ќе биде интересно да се видат двете убавици заедно на црвениот тепих претставувајќи две различни генерации.

9.

Колин Фарел

Женската публика ќе ужива во присуството на шармантниот Колин Фарел кој исто така е дел од екипата на филмот илмот „The Beguiled“ од Софија Копола.

10.

Џејк Џиленхол

Американскиот глумец омилен меѓу помладата генерација нема да недостига на црвениот тепих. Којзнае дали ќе изненади со нова партнерка која ќе ја поведе со себе.

x

Check Also

Меган Маркл против Кејт Мидлтон: Сасекс го победи Кембриџ на Инстаграм

Принцот Хари и поранешната актерка, кои управуваат со сметката на „Сасекс Ројал“, ...