Бела Хадид

Топ 10 најследени модели на Инстаграм

Знаеме дека Инстаграм стана важен фактор во модниот свет. Но, кои модели се најследени? Од Кендал Џенер до Адријана Лима, проверете кои се топ 10 модели со најголемо влијание на Инстаграм.

10.

Instagram: adrianalima
Следбеници: 12.3 милиони
Бразилската убавица 12 години беше ангел на Викторија сикрет. Моментно таа има над 12 милиони следбеници на Инстаграм. Денес има договори со козметичката куќа Maybelline и спортската марка PUMA.

9.

Instagram: angelcandices
Следбеници: 12.9 милиони
Кендис Свонепул е уште еден ангел на Виторија сикрет. Моментно, убавицата од Јужна Африка има над 12 милиони следбеници на Инстаграм. Има договори со Живанши, Макс Фактор и Биотерм. Откако минатата година роди бебенце, на нејзиниот Инстаграм профил доминираат сликите од малиот Анака.

8.

Instagram: gisele
Следбеници: 15.3 милиони
Супермоделот Жизел Бундхен е со години на листата на најплатени модели. Убавицата од Бразил на Инстаграм споделува фотографии и од приватниот и од професионалниот живот. Моментно има договори со Шанел, Луј Витон, Мисони и Баленсиага.

7.

Instagram: haileybieber

Следбеници – 17.3 милиони
Во минатите години, Хеили Болдвин (или Бибер) не беше на листата меѓу првите 10, но нејзината популарност на Инстаграм значително се зголеми откако се омажи со Џастин Бибер. Русокосата убавица, по свадбата, собра за брзо време милиони следбеници. Хеили се појавува во рекламни кампањи за бредновите како H&M, Guess, L’Oreal Professionnel, Ralph Lauren и Tommy Hilfiger.

 

6.

Instagram: emrata
Следбеници: 21.7 милиони
Американсата убавица Емили Ратајковски е шеста на оваа листа, моментно има над 21 милиони фанови. Има договори со бредновите Пако Рабан и DKNY, а активно ја рекламира и сопствената линија на костими за капење.

5.

Instagram: bellahadid
Следбеници: 22.5 милиони

Помладата сестра на Џиџи Хадид, Бела Хадид, на Инстаграм активно споделува фотографии од професионалните ангажмани. Има договори со брендовите Bulgari, NARS Cosmetics, Versace, Nike и Moschino.

4.

Instagram: chrissyteigen
Следбеници: 22.6 милиони

Криси Теиген е на високото 4-то место на оваа листа со над 22 милиони следбеници. Моделот на Спортс Илустрејтид често споделува фотографии од своите слатки деца и сопругот, пејачот Џон Леџенд. Неодамна ја издаде својата втора книга за готвење.

Кара Делевињ

3.

Instagram: caradelevingne
Следбеници: 41.2 милиони

Топ моделот има неверојатни над 41 милиони следбеници. Работи за Шанел, Армани, Блгари и Римел Лондон.

2.

Instagram: gigihadid
Следбеници: 45.8 милиони
Топ моделот Џиџи Хадид е на второто место на оваа листа со над 45 милиони следбеници на Инстаграм. Често постира селфи. Има договори со Фенди, Том Форд и Рибок.

1.

Instagram: kendalljenner
Следбеници: 103.2 милиони

Убедливо на првото место е Кендал Џенер. На Инстаграм е активна и често постира фотографии и видеа. Има договори со Кавали, Келвин Клејн и други модни и козметички брендови.

Кендал Џенер

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...