Топ 10 намирници – најдобри чистачи на црниот дроб

Црниот дроб е исклучително важен орган во телото. Тој чисти од отрови, ги разградува хормоните и го одржува нивото на шеќер во крвта. Затоа ви претставуваме попис на топ 10 намирници кои почесто треба да ги конзумирате за да го исчистите црниот дроб и да му помогнете беспрекорно да функционира.

Лук – Познат како природен антибиотик, лукот ја поттикнува работата на ензимите и му помага на црниот дроб лесно да ги исфрли токсините од телото. Содржи алцини и селен кои се супер чистачи на црнниот дроб.

Цитрусно овошје – Лимун, грејпфрут и лимета се совршени сојузници во процесот на чистење на црниот дроб. Содржат висок процент на витамин Ц кој ја стимулира работата на црниот дроб. Грејпфрутот е најдобар од сите.

Зелка – Одличен чистач на црниот дроб.

Јаболка – Не заборавајте на овој богат извор на пектин и други важни елементи заслужни за исфрлање на отровите.

Зелен лиснат зеленчук – Спанаќ, блитва, зелена салата, богати се со хлорофил кој ги неутрализира тешките метали, пестицидите и хемикалиите кои инаку, ја забавуваат работата на црниот дроб.

Брокула – Со 200 грама брокула на ден значително ќе му ја подобрите работата на црниот дроб, а ќе помогнете и полесно да го извршува процесот на слабеење.

Цвекло – Јадете салата од свежо цвекло! Цвеклото е полно со растителни флавониди кои ја поттикнуваат добрата работа на црниот дроб.

Ореви – Содржат аминокиселини кои помагаат црниот дроб да се ослободи од амонијак. Содржат и други елементи за чистење на црниот дроб – Омега 3 и глутатион.

Маслиново масло – Не одрекувајте се од здрави масти какви што содржи маслиновото масло. На телото му осигурува течна база за апсорпција на штетните материи и помага за истите да се исфрлат од организмот.

Зелен чај – Од време на време дозволете му на телото да се исчисти со помош на зелен чај. Оваа здрава напивка е полна со антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и штитат од разни болести.

 

x

Check Also

5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма ...