Топ 10 (не)нормални трендови на коса за есен/зима 2014/2015

Се сеќавате што гледавме на ревиите во светските модни метрополи кои ги најавуваа трендовите за оваа есен/зима? Ете, таа сезона е пред нас, па да ве потсетиме.

Александар Ванг

Александар Ванг

Класичен изглед речиси и да немаше, на модните писти доминираа необични фрузири кои тешко би можеле да се средат дома, односно за да го следите чудниот тренд за есен/зима ќе мора постојано да „трчате“ во фризерските салони.

Но, имате избор, барем според она што го видовме на модната сцена. Првиот начин да се следи трендот на фризурите е да имате супердисциплинирана коса, совршено испеглана, а вториот начин е да го одберете токму спротивното – уметнички непослушна коса, со влажен или бунтовен изглед.

И кога веќе формата на косата не е баш толку нормална, бојата би требала да биде понормална. Црна, кафена или руса. Иако некои стилисти (сеуште) немаат ништо против на тренд-фризурата да се додаде и нијансирање со розова боја.

Ајде, бирајте фризура, есента доаѓа.

Армани

Армани

Џон Ричмонд

Џон Ричмонд

Џулијан Мекдоналд

Џулијан Мекдоналд

Родарт

Родарт

Џајлс

Џајлс

Ерве Леру

Ерве Леру

Симон Роча

Симон Роча

Марни

Марни

x

Check Also

Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да ...