Топ 10 совети како до совршено месо на скара

Скарата не е резервирана само за лето, уживаме во неа во текот на целата година, а особено на празникот на трудот. Но не е доволно само да се запали оган и да се стави месото. Ако сакате совршена скара, прочитајте ги 10те „златни“ совети.

За почеток, сировото месо не го оставајте на собна температура подолго од 1 час. Кога маринирате подолго од 30 минути задолжително употребете фрижидер, а печеното месо не го ставајте во садот во кое се маринирало, без претходно да сте го измиле садот.

Маринадата и зачините се многу важни. Тие го даваат вкусот на месото и го прават меко. Процесот на маринирање ќе трае покусо ако маринадата содржи оцет или овошен сок. Должината на траење зависи од месото, за пилешко, свинско доволно е половина час.

Ако сакате убава коричка однадвор и сочно месо одвнатре, печете на силен оган, а потоа намалете го оганот.

За да го спречите огнот на решетките внимавајте да немате премногу мрснотија и зејтин на самото месо.

Немојте да ја претрупувате решетката. Оставете доволно простор меѓу парчињата месо за чадо да може сите да ги опфати, а полесно и ќе го превртувате месото.

Многу е важно да знаете кога месото е готово. Бојата треба да биде смеѓа, но никако црна. Колку долго ќе го печете зависи од дебелината на месото, а ако не верувате на својата визуелна проценка – употребете термометар. Кога месото ќе го извадите од решетката, покријте го со фолија и оставете го да „дише“ барем 5 минути. На тој начин во месото ќе се задржат сите сокови.

Не заборавајте освен месото на скара да подготвите и зеленчук.

Погледнете во видеото како до совршено месо на скара.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...