Првите есенски дождови кои, сакале ние или не, наскоро ќе не пресретнат, нема да можат да поминат без добар чифт на чизми.
Трендовите се менуваат од година в година, па секоја сезона на постудени денови имаме на избор бројни модели од кои можеме да го избереме совршениот за нас. Судејќи според есенските колекции на популарните „хај стрит“ модни марки, се издвојуваат неколку клучни трендови. Пред се, животинскиот принт се врати на голема врата, особено змијскиот или леопард принтот, белата боја која минатата зима малку срамежливо ја гледавме сега е многу погласна и го носи духот на 60-те години, но во игра остануваат и чизмите во силни бои, како црвената или жолтата. Секако, и понатаму ќе може да уживаме носејќи ги црните класици, овојпат со впечатлива потпетица.
Погледнете ги нашите 12 фаворити на ниски чизми за есен 2018.
- zara
- zara
- mango
- mango
- mango
- mango
- &other stories
- &other stories
- &other stories
- zara
- zara
- zara