Топ 12 трендовски чанти од GUESS во летни нијанси

Новата колекција на чанти од Guess носи палета на чанти во различни бои и големини, а ние издвоивме 12 фаворити.

Сакате помали чантички во кои ќе ги понесете само основните работи или повеќе сакате големи чанти кои кријат цело царство на неопходни женски предметчиња, во Guess има чанти за сечиј вкус. Освен големината и дизајните, во понудата има широка палета на бои од минт зелена, жолта, розова, бебешко-сина, портокалова, црвена…, па се до прекрасни цветни модели.

Guess чантите сигурно ќе ве развеселат, а ќе ја развеселат и секоја модна комбинација.

За сезоната на топли денови, одбираме ведри бои кои позитивно влијаат на нашето расположение и на околината.

Во фотогалеријата, погледнете ги нашите 12 Guess фаворити.

x

Check Also

Ова се најпосакуваните сандали на Амазон за пролет/лето 2019

Според критериумот сандали кои може да ги носите секаде, од утро до ...