Топ 18 кошула-фустани за лето 2018 од Mango, &Other Stories и Zara

Нема ништо попрактично и полесно за носење во летните денови од кошула-фустаните дизајнирани во трендовски стил и од прихатни материјали.

По урнекот на луксузните модни марки, и во летната понуда на „хај-стрит“ брендовите наоѓаме повеќе модели на кошула фустани. Принтовите ги следат трендовите, цветовите – секако, и понатаму доминираат како и ригите, а од палетата на бои – тука се пастелните нијанси кои носат свежина, особено светло сината и маслинесто-зелената боја која лесно се комбинира со модни додатоци.

Должините се различни, кроевите ги погодуваат сите вкусови, копчињата се јавуваат како централни детаљи, па ваше е само да си го одберете фаворитот од фотогалеријата.

 

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...