Топ 3 ароматични пици кои вреди да ги пробате

Пробајте ги овие три вида на пица кои имаат специфичен вкус кој се помни и прекрасна миризба.

Горгонѕола пица

За да ја подготвите оваа необична вкусна пица со вкус на горгонѕола, потребно е:

440 грама тесто за пица, 500 мл сос од домати, 2 лажици маслиново масло, 1 парче тиквичка, 1 зелка цикорија (црвена), 1 лажица рузмарин, 120 грама горгонзола и 2 лажици борови ореви.

Не заборавајте пред боровите ореви да ги додадете на пицата, прво пропржете ги на тавче за да добијат полн вкус.

Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете го тестото во сад за печење и полијте го тестотот со сосот од домати. Печете осум минути.

Во меѓувреме, загрејте го маслото во тава на висока температура. Додадете ги исечканите тиквички и пржете ги две минути додека не добијат боја. Потоа додадете ги листовите зелка цикорија (исечкани) и пржете уште две минути додека не станат меки.

Зачинете со рузмарин и ставете ја смесата врз тестото за пица. На крајот додадете ја тенко исечканата горгонзола и боровит ореви. Печете уште седум минути додека сирењето не се стопи.

Пица со брукула

Ако сте љубител на здрав оброк, пробајте ја познатата италијанска пица со брокула која е многу вкусна, а содржи помалку калории.

Потребно ви е 400 грама интегрално брашно, 10 грама квасец, 5 лажици маслиново масло, 1 мала лажичка сол, 250 мл вода.

Додатоци за пицата – 1 кромид (црвен), 150 грама брокули, 2 лажици доматен сос, 2 лука, малку црн пипер, оригано и 50 грама моцарела.

Брашното помешајте го со квасецот, додадете го маслото, водата и солта па замесете тесто. Нека набабрува на топло околу 20 минути. Набабреното тесто развлечето го според формата на тавата за печење.

Кратко сварете ја брокулата да омекне, а лукот и кромидот (исечкани) пропржете ги исто така додека не омекнат. Премачкајте го тестото со маслиново масло и доматен сос. Врз него ставете ги пропржените лук и кромид, сварената брокула и парчиња моцарела.

Печете ја пицата 15-на минути.

Пица со колбаси

Уживајте во оваа пикантна пица, а за да ја подготвите потребно е – 7 грама квасец, 1 чаша вода, 2 чаши пченично брашно (бело), половина лажица босилек, половина лажица оригано, 2 лажици маслиново масло, 1 филџан доматен сос, 70 грама моцарела, 230 грама свински колбаси, 1 зелена пиперка, 1 црвена пиперка, половина главица кромид.

Стпете го квасецот во врела вода десетина минути. Во друг сад измешајте го брашното, босилекот, ориганото, лукот и солта. Во првиот сад измешајте го со раце зачинетото брашно.

Попрскајте ја со брашно површината каде што ќе го месите тестото и месите околу пет минути. Со лажичка намрсете ја тавата со масло, потоа ставете го тестото во тавата, покријте ја и оставете го да набабри 40 минути.

Развлечете го тестото во форма на тавата за печење и премачкајте го со лажица маслиново масло. Печете го тестото десет минути на 200 степени, потоа извадете го од рерната и прелијте го со сосот од домати и исечканите колбаси, моцарела, пиперки и кромид. Печете уште половина час.

x

Check Also

Колач со јагоди – крал на пролетта

Искористете ја сезоната на јаготки за да подготвите прекрасен десерт. Од намирници ...