Топ 3 елегантни сакоа од новата колекција на Zara

Сакото е неизбежно модно парче во есенскиот гардеробер на секоја жена, класик кој може да изгледа добро на секој можен начин. Ако го комбинираме со фармерки, патики и бела памучна маичка – добиваме одличен кежуал изглед, а ако го комбинираме со „пенсил“ сукња или панталони со висок струк, добиваме префинет изглед за деловна атмосфера.

Во есенската колекција на Зара најдовме добра понуда на трендовски модели на сакоа. Може да одбирате меѓу класичните кроеви па се до оние кои се повеќе атрактивни со „паф“ ракави или со извезани цветови.

Од широката понуда, одбравме 3 елегантни модели кои нам најмногу ни се допаднаа – карирано сако, сако со апликација од везени цветови и модел со апликација на вештачко крзно на ракавите.

Во продолжение, погледнете ги.

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...