Топ 3 коктели кои ќе ви ја загреат новогодишната ноќ

Три популарни зимски коктели совршени за празничните денови и друштво.

Jagertee

Jagertee

Jagertee – австријски коктел за суперзагревање

Оние кои имале прилика да скијаат во Астрија сигурно го пробале овој коктел, останатите – еве им шанса за тоа. Пола литро црвено вино и исто толку црн чај, 100 грама шеќер, лажичка цимет, 50 мл рум и исто толку овошна ракија се потребни состојки за овој коктел. Во 0,1 л вода ставете го шеќерот, сварете го на средна температура и оставете да се карамелизира. Потоа додадете го црниот чај (жежок) и циметот. Следниот чекор е- додавање на црвеното вино, а пред коктелот да зоврие, отстранете го од ринглата, па додадете го румот и овошната ракија.

Новогодишно мраз-кафе

kokt-2

Се подготвува со кафе (еспресо, нескафе), ликер Baileys  и вотка. Подготовката е едноставна. Прво сварете го кафето, претурете го во сад за правење на мраз и замрзнете го. Кога коцките мраз-кафе ќе бидат замрзнати, претурете по 3 од нив во секоја чаша, во чашата додадете 50 милилитри Baileys и 50 милилитри вотка.

Јаболков бурбон коктел

kokt1

Се подготвува со – пола чаша јаболков сок, една лажица цеден сок од лимон, 2 лажички мед, стапче цимет и 14/ чаша бурбон. Сите состојки освен бурбонот се мешаат во мало лонче и се загреваат на средна температура. По неколку минути отстранете го лончето од оганот, додадете го бурбонот, помешајте и послужете веднаш.

x

Check Also

Видео водич за подготовка на 3 најпопуларни новогодишни коктели

Коктелите се најавуваат како водечки тренд во 2017 година, особено како избор ...