Топ 3 креми против целулит, достапни на европскиот пазар, кои навистина делуваат

Секоја година на козметичкиот пазар се појавуваат нови креми за борба против „портокаловата кора“, некои од нив навистина делуваат, а други – и покрај скапата цена – не даваат посебни резултати. За напразно да не вложувате во антицелулитна крема, можеби е добро да знаете кои 3 креми против целулит се најпродавани и кои имаат задоволни купувачи.

Повеќе креми против целулит, кои се рангирани на високите топ 10 места, не се достапни на европскиот пазар, па затоа се фокусиравме само на најдобрите 3 кои се наоѓаат и кај нас.

На првото место е антицелулитната крема од Шисеидо. Иако е прилично нова на пазарот, веќе има „војска“ од задоволни купувачи кои тврдат дека целулитот значително им се намалил, станал помалку видлив или сосема исчезнал. Од нашиот топ 3 избор на антицелулитни креми, оваа крема е воедно и најскапа.

На второто место е антицелулитната крема од Кларинс. Според фановите на оваа крема, резултатите се загарантирани и брзо видливи, а кожата е мазна и затегната.

Третото место припаѓа на значително поевтината крема од Нивеа. Задоволните купувачи тврдат дека за 4 недели резултатите се видливи по секојдневна употреба.

x

Check Also

Направете си го денот убав, купете си Revalid® и можеби ќе…

Ако насловот ве привлече да кликнете на оваа вест и навистина денот ...