Топ 3 летни трендови кои остануваат во мода и оваа есен

Летото е на крајот, но пред да ја спакувате вашата летна гардероба и сместите некаде повисоко во гардероберот, неколку омилени парчиња кои ги носевте ова лето, оставете ги поблиску на дофатот на раката. Зашто нивниот „рок на траење“ не е одминат.

Макси сукња/фустан

 

slika 2

Ги сакате макси сукњите (или макси фустаните)? Ги носевте често ова лето? Супер вест за вас, тогаш. Тие  продолжуваат да бидат задолжително тренди парче облека и во текот на есента што доаѓа. Долгите сукњи комбинирајте ги со обична памучна маичка, и секако, кратка кожена јакна.

Федора шапка

 

slika 1

Има ли нешто посекси од „искинатите“ фармерки во комбинација со кратки чизмички на висока потпетица и да, федора шапка.

Неонски бои

 

slika 3

Есенското сивило лесно се разбива оваа година. Дајте и уште време на чантата во неонска боја, или на неонскиот накит. И се однеднаш ќе стане поживо и повесело.

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...