Топ 3 најпопуларни чевли во 2016 година

Годината која изминува ни донесе многу нови модни трендови кај обувките кои доминираа на улиците. Сребрените чизмички и воопшто сребрените чевли беа меѓу главните ѕвезди на 2016 година, конкурентни на нив беа белите чевли во сите модели, но и патиките кои годинава се носеа со макси фустани па дури и со елегантни костими.

Од луксузните модели Шанел двобоините (отворени кај потпетицата) чевли, на висока потпетица, секако ја обележаа година. Но три модели беа уште повеќе фаворизирани.

slika-4

Топ 3.

Платформите од Balenciaga. 

Оние кои ги облекоа тврдат дека се многу едноставни за носење, иако на прв поглед нивната платформа изгледа застрашувачки. Црните и белите модели од овие платформи доминираа на улиците особено во периодот на Модните недели во светските метрополи.

slika-5

Топ 2.

Балетанките на Miu Miu

Нежните балетанки од Миу Миу на врзување беа „маст хев“ меѓу трендестерките. Се носеа и со шорцеви и со џинс и со фустани, во неколку бои меѓу кои најпопуларни беа оние со металик-розова нијанса.

slika-10

slika-8

slika-7

Топ 1.

Дефинитивно Gucci Loafers се чевли на 2016 година.

Препознатливи по внатрешниот дел обложен со волна, овие чевли продолжија да се носат и за време на студените денови.

slika-2

slika-3

x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...