Топ 3 нови парфеми достапни во продажба од јануари 2018

Нова година, нови парфеми. Во продолжение погледнете ги 3-те исчекувани новитети од познатите марки кои од овој месец се достапни во продажба.

Calvin Klein Obsessed for Women Intense

Парфемот е инспириран од култниот мирис Obsession од 1985. година., а ќе го помниме и по незаборавната реклама на која позираше Кејт Мос пред објективот на Марио Соренти. Новиот парфем од Келвин Клајн се опишува како „ехо на легендарната романса“ и „сеќавања на минатата љубов“.

Miu Miu L’Eau Rosee

Од славната италијанска дизајнерка Мјучиа Прада ни стигнува нов парфем под етикетата на Миу Миу. Станува збор за цветен и разигран мирис кој ја најавува пролетта.

Viktor&Rolf. Flowerbomb Nectar

Вистинска мирисна бомба за оние кои сакаат смели и силни мириси. Освојува со цветната, интензивната и мистична композиција.

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...