ТОП 3 ПРОИЗВОДИ КОИ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ГИ КУПУВАТЕ ОНЛАЈН

Иако стана славна со улогите во блокбастерите, и Twilight сагите, вистинските познавачи на филмот, но и на модата, како една од најдобрите улоги на Кристен Стјуард ја наведуваат онаа во филмот ,,Personal Shopper”, односно личен асистент за шопинг.

И навистина, филмот е најдобар хроничар на едно време бидејќи модерното доба сосема ги смени навиките на потрошувачите, па денес се повеќе купуваме онлајн, имаме лични банкари, лични тренери, а во модната индустрија личен асистент за шопинг, а од неодамна и личен советник за IQOS.

Од месец март, кога сите поради настанатите околности принудно прејдовме на дигитализација, онлајн купувањето стана секојдневие на секој одговорен граѓанин а не помодарство, комплицирана новина или смешна или нереална ситуација во која се најде некој од јунаците на Вашата омилена серија.

Амазон покажа дека е многу повеќе од онлајн книжарница, а Џеф Безос пророк на модерното време. И додека одамна на Амазон не купуваме само книги, ова се наши предлози зошто да ги прескокнете турканиците и да се препуштите на сите убавини на ,,купувањето од дома”.

  1. Амазон prime video

Амазон не случајно е ,,голем добитник“ од пандемијата бидејќи некои од видеата кои ги објавија ги разубавија деновите на милиони корисници кога цел свет беше во карантин. Вакви нови содржини ќе продолжат да се објавуваат и тогаш кога пандемијата ќе биде само грдо сеќавање на 2020та година. Амазон prime е претплатничкиот сервис на Амазон кој на корисниците им овозможува пристап на дополнителни како стриминг платформата. Амазон prime video на малите екрани не ги донесе само оскаровците и големите холивудски звезди како што се Џулија Робертс, Ен Хатавеј и Гаел Гарсија Бернал туку лансираше цела палета на нови потенцијални имиња на глумци и филмски автори, а притоа да е една од најповолни streaming платформи. Месечна претплата чини колку едно одење во кино и затоа, да бидеме искрени многу е поудобно да уживаш и искрено да се исплачеш на секоја епизода на ,,Модерна љубов” во својата дневна соба отколку во сала преполна со непознати луѓе.

  1. IQOS

Месеците во карантин покажаа дека живот со пушачи носи одредени компромиси како и дека за оние кои не сакаат да ги остават цигарите постои подобра алтернатива. IQOS (ајкос) е уред кој се базира на технологија на загревање, а не на согорување на тутунот, па од тука не емитува чад и како таков претставува подобра алтернатива споредено со продолжување на пушењето.

Освен тоа во вистинскиот дух на дититалното доба, за разлика од обичните цигари, IQOS има своја онлајн продавница и уредот може да се порача само неколку клика. Ако досега не сте “зачекориле” во оваа софистицирана онлајн продавница, можеби сега е вистинското време бидејќи во веб продавницата на IQOS секогаш Ве очекуваат посебни поволности. Како шлаг на тортата удобноста на онлајн пазарењето го следи и бесплатната достава од страна на личниот советник за IQOS којшто ќе Ве воведе во првите чекори на светот на IQOS.

  1. Козметика

Иако тестерите се најдобар начин да ги пробате некои од најмногу промовираните производи пред да решите да ги купите и сами да си одредите дали ја заслужуваат титулата на “светиот грал “ во козметичката индустрија, факт е дека многу од тие производи сеуште не го најдоа своето место на полиците во домашните маркети и може да се порачаат само онлајн.

Најчесто нема трошоци за достава, а доколку Ви е прво пазарење најчесто следи подарок и единствено што е потребно да бидете трпеливи само неколку дена за да Вашата кожа блесне кога прв пат ќе го пробате познатиот Pixi тоник по кој лудува цел свет и кој буквално ја трансформира козметичката индустрија.

 

x

Check Also

Модни парчиња од ZARA дизајнирани од вештачка кожа

Шпанската модна марка ZARA лансираше жежок тренд за есен/сима 2020 година, посветен на ...