Топ 3 трендовски фризури за новогодишната ноќ (за долга и средно долга коса)

3 тренда на фризури ќе доминираат во 2017 година – влажен изглед на косата, ретро инспирација и плетенка на „несреден“ начин. Доколку сакате да изгледате „тренди“ за прославите на празничните денови, и доколку имате долга или средно-долга коса, пробајте да експериментирате со актуелните три стила на фризури.

Влажен изглед на косата

kosa-5

Судејќи според тоа што го видовме на модните писти за време на Модните недели во метрополите, влажниот изглед на косата е тренд број 1 за претстојната година.

kosa-7

Без разлика дали косата е залижана наназад или пак, косата е разбушавена, треба да се добие ефект на штотуку излезени од туширање.

kosa-4

Ретро-инспирација

„Времеплов“ инспирацијата за фризура е во својот зенит. Предноста е во тоа што во 2017 година нема да се навраќаме кон конкретен стил од „тие-или тие години“, туку сами сме во можност да си го одбереме ретро-стилот соодветен на нашиот темперамент и физиономија.

kosa-3

Модни додатоци во ретро стил во косата се подеднакво добредојдени.

kosa-2-pin-up

kosa-1

„Незадолжителна“ плетенка

Оние со долга коса можат сега да уживаат во плетенките на стотина начини, само доколку таа изгледа како да е „сплетена“ непосредно пред излегувањето од дома.

kosa-10

Сега плетенката може да биде и врзана како пунџа, но да изгледа разбушавено.

kosa8

Поиграјте си со трендовите и одберете ја за вас најсоодветната тренди фризура за новогодишната ноќ.

x

Check Also

Есенска нега на лице со маски од јаболка и крушка

Маски за лице направени на природна основа кои гарантираат свеж изглед и ...