Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ги комбинираме, едноставни се и практични, а одлична замена се за фустан.

Во деновите кога распоредот ни е преполн, со приватни и деловни обврски, комбинезонот е вистински избор. За работна атмосфера одлично се комбинира со сандали со умерено високи потпетици, а за afterwork дружење, само го слекуваме сакото и ги менуваме чевлите – одлично изгледаме со високи потпетици и некој впечатлив додаток, како ремен или предимензионирани обетки.

Комбинезонот е одличен избор и за дружење во текот на викендот, одлично „стои“ во комбинација со патики или влечки, особено ако комбинезонот е од тексас, каков што има во понудата на Масимо Дути.

Во продолжение поледнете ги нашите 4 фаворити на комбинезони од актуелната колекција на Massimo Dutti.

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...