Топ 5 комбинезонки од Bershka во боите на пролетта

Комбинезонките се одлична замена за фустан во потоплите денови. Со едно парче облека добиваме комплетен изглед, а со тоа ни се скратува и времето на размислување -што да облечеме денес.

Комбинезонките како пролетен и летен класик се редовно присутни во колекциите на популарните модни марки, но овојпат ја одбравме Бершка со неколку модели кои ги нуди во силни бои. Всушност, станува збор за актуелните зелена и жолта нијанса!

Секако, на нашата листа на најпосакувани 5, не можевме да не ги предложиме и комбинезонките со цветен принт. Преслатки се, а и „врескаат“ пролет.

Во фотогалеријата погледнете го топ 5 изборот.

x

Check Also

Листа на желби: Црното плишано сако од MANGO и синото сако од GUESS

Почнавте ли да размислувате со што ќе се подновите за празничната, декемвриска ...