Топ 5 модели на сандали на врзување од Mango и од Zara

Едвај ги дочекавме потоплите денови за да почнеме барем да сонуваме за сандалите, зашто оваа сезона понудата е навистина полна со атрактивни модели. Особено ни „паднаа“ в очи сандалите на врзување кои ги има во пролетните колекции на двете популарни шпански модни марки – Манго и Зара.

Оваа пролет, освен оние со тенки врвци, изработени од тенка кожа, ќе носиме и модели со пошироки врвци.

Меѓу моделите со умерено висока потпетица кои посебно се истакнаа на street style фотографиите од Париската модна недела се популарните Сен Лоран сандали на врзување во црвена, беж и црна нијанса, како и моделот на модната куќа Chloé  украсен со ситни светки. Сличен модел најдовме во понудата на Манго, а подеднакво ни се допаѓаат и моделите од пролетната колекција на Манго кои имаат металик ефект.

Погледнете ги нашите фаворити на сандали на врзување од Манго и од Зара за пролет/лето 2019.

манго

манго

манго

зара

зара

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...