Топ 5 најактуелни семејни дестинации за скијање за 2017 година во Европа

Ги сакате адреналинските ски-патеки, ама сакате и оние кои ви се драги, а не скијаат баш добро или воопшто не скијаат, да уживаат во зимскиот одмор заедно со вас.

Погледнете ги најбараните и најубавите пет дестинации за семејно зимување, рангирани за зима 2017 година.

Топ 5.

Кицбил, Австрија

top-5-a

Вистинската легенда меѓу зимските селца во Австрија. Треба да се посети барем еднаш во животот! Станува збор за најлегендарната спортска дестинација на Алпите, позната по репутацијата во светот како најубаво скијачко место.

top-5

Денес Кицбил е гратче на контрасти, со рустикална тиролска кујна и бутици на славните интернационални модни брендови. Скијачките патеки, како и атмосферата, природата, околината – го одземаат здивот.

Топ 4.

Ишгл, Австрија

Местото брои околу 1.600 жители, сместено на западниот Тирол, а претставува едно од најзабавните скијачки центри во Европа.

top-4

top-4-a

Тука, во текот на одморот, лесно ќе „начекате“ концерти од суперѕвезди, а преку ден може да се забавувате на импресивните скијачки патеки и во веселите бачила. Не е за семејства со мали деца (поради бројните забави, дискотеки, ноќни излегувања), ама дефинитивно е дестинација која треба да се посети доколку имате тинејџери.

Топ 3. 

Контамин Монжоа, Франција

Живописното селце (Les Contamines- Montjoie) е вгнездено на француските Алпи, во опсегот на Мон Блан. Освен идилично опкружување нуди зимски активности за сите љубители на зимските спортови, без разлика дали се почетници или професионалци.

top-3a

top-3

Вкусните кулинарски специјалитети пак, ги задоволуваат вкусовите и на најпребирливите гурмани. Селцето е сместено на само 1 час возење со автомобил од Женева. Овој снежен рај, искапен во зима со сонце, вреди да се посети и поради попристапните цени од другите скијачки центри.

Топ 2.

Салбах-Хинтерглем, Австрија

Ова е најголемиот австриски ски центар совршен за семејно зимско уживање.

top-2

top-2-a

Ски патеките се простираат на 270 км а поврзани се со 70 модерни жичарници и ски лифтови. Бордерите, и почетници и професионалци, тука ќе ги најдат најдобрите писти, а децата можат да уживаат во атракциите на зимските паркови. Локалните гастрономски специјалитети се посебно доживување.

Топ 1.

Алпе д-Јуе, Франција

top-1

top-1-a

Годинава Alpe d’Huez е топ 1 зимска дестинација, особено ако не патувате сами, туку со вашето семејство. Вистински рај за оние кои го сакаат снегот и снежната атмосфера, природата и поблагата клима. Овој скијаќки центар е прочуен по сончевите зимски денови. Селцето сместено на надворска висина од 1860 метри, се развива од 1936 година. Ски областа е поврзана со повеќе други соседни ски области, а таканаречениот Пик Блан е на 3330 метри. Културни активности, спа центри и забава за деца тука се нешто многу вообичаено и секојдневно.

x

Check Also

ГАЛИЧКА СВАДБА 2021: Автентичната традиција продолжува

По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на ...