Белград на 2то место

Топ 5 најевтини градови за одмор во 2019 година

Ако сте во потрага по поевтин одмор во Европа, корисно е да ги прочитате препораките објавени во најновиот годишен извештај од Сити Кост Барометар, кои ги пресметале трошоците за поминат викенд во 48 европски градови, рангирајќи ги најевтините дестинации за одмор според девизата квалитетна услуга за најдобар буџет.

Истражувањето се базира на две вечери ноќевање во хотел со три ѕвездички во центарот на градот за две возрасни лица, просечни цени на влезници за значајни музеи, галерии и знаменитости, три оброци на ден со шише домашно вино за две лица, кафе за две лица, пијалак, пиво, чаша вино, повратен билет за автобус или воз од аеродромот до градот, и туристичка тура за разгледување на градот.

Во топ 12 најевтини градови за викенд-одмор во Европа се Атина, Будимпешта, Прага, Братислава, Рига и Порто, а еве кои се меѓу топ 5 најевтини.

На 5-то место е рангиран Букурешт, Романија, во кои може да поминете викенд за вкупно 195 евра. Истанбул, Турција е рангиран на 4то место, а за викенд ви се тука потребни 194 евра.

186 евра ви се потребни за викенд во полската Варшава. Ако сте љубители на вино, тука ќе платите просечно по 2,24 евра за чаша вино.

На високото второ место се наоѓа Белград, каде со 176 евра може да поминете викенд за двајца. Повеќе туристички атракции во градот се бесплатни.

Вилнус

На прво место е престолнината на Литванија, Вилнус. Вилнус е познат по бројните зелени површини и паркови. 171 евро е потребно за викенд за двајца. Исто како и во Истанбул, две ноќевања за две лица во центарот на градот тука може да се најдат за 81 евро, а предноста на Вилнус е и во евтиното кафе во кафулињата и најевтиниот локален транспорт.

x

Check Also

Викенд во Крушево со Taste Крушево – Фестивал на храна и култура

Фестивалот за храна и култура Taste Крушево е отворен настан за сите посетители. ...