Марни

Топ 5 најпопуларни кучиња на Интернет, преслатки се!

Најпопуларните кучиња на Инстаграм се вистински ѕвезди! Некои од нив имаат милиони следбеници, а и заработуваат фантастично.

Еве ги најславните топ 5 кучиња во светот.

Бу

БУ, со над 16 милиони лајкови на Фејсбук

Бу беше едно од првите кучиња кои станаа ѕвезди на Интернет. Неговиот сопственик го стартувал Фејсбук-от со профилот на Бу во 2009 година, постирајќи преслатки фотографии од неговиот Померанец (мини шипц), облечен во модерна гардероба и забавен во различни околности. Набрзо, Бу беше прогласен за најслаткото куче во светот, а неговата Фејсбук страница доби 17 милиони следбеници. За жал, Бу починал во септември, 2017 година, на возраст од 14 години.

Мару

Мару, со 2,5 милиони следбеници на Инстаграм

Мару е куче од расата Шиба ину, а живее со својот сопственик во Јапонија. Толку е прославен што на својот Инстаграм профил има над 2,6 милиони следбеници. Постојано е насмејан, сака да се гушка со плишани играчки, а толку е сладок што ќе ви го разнежни срцето. Во Јапонија Мару гостува и на различни телевизиски шоуа.

Марни

Марни, со 2 милиони следбеници на Инстаграм

Марни, од расата шит-цу, е едно од најнеобичните (по изглед) и најоригиналните кучиња на Инстаграм, препознатлив по исплазениот јазик и по перманентно наваленото главче на страна, поради болеста која ја преживеал во младоста. Бил вдомен на постари години и сега живее нов живот во Њујорк, секогаш дотеран во преслатка гардероба, се сретнува со славни личности, а денот им го разубавува на дури 2 милиони следбеници на Инстаграм.

Туна

Туна, со 1,9 милиони следбеници на Инстаграм

Туна е од расата чивини, и посебна е, бидејќи како мала била спасена од несреќа и сега има видливо „смачкано“ муценце на кое доминираат испрчените горни запчиња. Таа е ѕвезда на Инстраграм која забавува 1,9 милиони нејзини фанови, кои вистински ја обожуваат!

Мини и Макс

Мини и Макс, со над 1,4 милиони следбеници

Овој кучешки дуо од расата Мобс, е познат на Фејсбук особено по нивниот неверојатен талент истовремено да ги навалуваат главчињата на двете страни. Толку се славни што биле гости на најгледаните телевизиски емисии во Америка, како Шоуто на Елен и Добро утро Америка. Секојдневно забавуваат над 1,4 милиони фанови.

x

Check Also

Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за ...