Топ 5 парчиња од есенската колекција на Х&М

За есенската сезона Х&М ни нуди изобилство на трендовски парчиња преку неколку колекции со различен стил и дух, од кежуал до елегантни. Сепак, одбравме 5 парчиња за кои веруваме дека сигурно брзо ќе се распродадат.

Што велите за топла јакна со пердуви во златна боја? Нијансата е толку погодена што може да се носи во секаква пригода, па дури и со поелегантни решенија.

А што велите пак, за еден женствен фустан со полка точки?

Меѓу нашите фаворити ги издвојуваме и огледалните црни чизми кои го имитираат славниот модел од модната куќа Balenciaga, а цената им е супер прифатлива!

Потоа, трендовската карирана сукња со крој кој прилега на секој облик на телото (особено совршена за деловна атмосфера) и белата кошула со црни точки која добро е да се најде во гардероберот (лесно се комбинира и со фармерки и со елегантен долен дел). А одлично се комбинира и со карираната сукњичка.

x

Check Also

Ladna отсега во нова амбалажа

Природата постојано се менува, а секоја промена носи нешто ново што може ...