Топ 5 природни чаеви кои ефикасно помагаат во слабеењето

Секој од овие 5 најдобри чаеви за слабеење има свои индивидуални, магични својства, од намалување на гладот, забрзување на метаболизмот и забрзано согорување на калории до буквално топење на мастите сочувани во масните клетки. Дополнително, тие помагаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Доколку форсирате еден или два од овие одбрани чаеви, треба да пиете секојдневно 3-4 чаши на ден без дополнителни засладувачи.

Топ 5

Зелен чај

Помага во забрзувањето на метаболизмот и разградувањето на масните наслаги. Најефикасен е кога се пие половина час пред физичка активност. Во една неодамнешна студија која траела 12 недели, учесниците кои пиеле секојдневно од 4-5 чаши зелен чај во комбинација со 25-минутна физичка активност во денот, во просек загубиле килограм ипол повеќе од оние кои вежбале, ама не пиеле зелен чај. Благодарение на соединенијата во зелениот чај наречени катехини, побрзо се стигнува до рамен стомак. Имено, катехините прават „експлозија“ во масното ткиво активирајќи  забрзано ослободување на масти од масните клетки (особено во стомакот), а потоа и забрзување на капацитетот на работата на црниот дроб за претворање на мастите во енергија.

Топ 4

Улонг чај

Улонг е кинеско име за „црн змеј” и исто како и зелениот чај, ама многу повеќе, изобилува со катехини кои помагаат во забрзаното губење на тежина, со зголемување на способноста на телото да ги метаболизира липидите (мастите). Една студија објавена во стручен здравствен кинески весник  открива дека учесниците во истражувањето кои редовно пиеле улонг чај загубиле дури три килограми повеќе за време на период од шест недели, за разлика од оние кои не пиеле улонг чај. Тоа е половина килограм неделно! Се препорачуваат 4 чаши на ден.

Топ 3

Чај од мента

Верувале или не, чајот од мента е поефикасен од популарниот зелен чај кога е во прашање слабеењето. Ако се прашувате зошто, еве го научниот одговор. Имено, најголем дел од денот конзумираме храна и тогаш кога не сме гладни, туку сме вознемирени или под стрес. А чајот од мента има исклучително смирувачко дејство на нашиот организам, а со тоа и го „убива“ чувството на глад.  Една друга студија пак, објавена во списанието за невролошка медицина открива дека луѓето кои „шмркаат“ чај од мента на секои два часа во денот, губат во просек дваипол килограми месечно, и тоа без дополнителни диети и физички активности. При диети, се препорачува секојдевно конузмирање на литро чај од мента дневно (односно на секои два часа по еден филџан), и дополнително свеќи од мента за освежување на просторијата и екстракти од мента за ароматизирање на перницата на која се спие.

Топ 2

Бел чај

Познат како најдобар во превенирање на создавање нови масни клетки, белиот чај е и силен антиоксиданс. Содржи три пати повеќе полифеноли отколку зелениот чај! Една студија тврди дека белиот чај може истовремено да ја зголеми липолизата (разградувањето на мастите) и да го блокира формирањето на масните клетки. Ако постои суперуспешна диета со чај – тогаш тоа е диетата со бел чај! Со белиот чај килограмите се губат рапидно брзо, според некои научници – со редовно конзумирање на овој час (секојдневно по 5-6 чаши дневно) за еден месец се „топат“ дури 4-5 килограми, без никаков дополнителен напор. Оттука е и ставен на листата на „7 најдобри намирници за рапидно губење на телесна тежина“ промовирана од стручното списание „Нутришн енд Метаболизам“.

Топ 1

Ројбос чај

Ннаправен е од лисјата на растението наречено „црвена грмушка”, расте исклучиво во мал регион на Јужна Африка, во близина на Кејп Таун. Она што го прави Ројбос чајот особено добар за стомакот и слабеењето се единствените и моќни флавоноиди. Истражувањата покажуваат дека овој чај докажано го намалува стресот, а со тоа и чувството за глад, го стопира складирањето на мастите, го забрзува метаболизмот и директно ги разградува масните клетки, а дополнително е многу здрав па оттука е на првото место. Имено, одлично помага во болести поврзани со хипертензија, кардиоваскуларните болести, инсулинската резистенција и дијабетес тип 2. Вистинка здрава „бомба“.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...