Топ 5 сенки за очи за пролет 2015

Пролетта конечно пристигна и време е да ја прилагодите шминката на сезоната и трендовите.

Познатите производители на декоративна козметика веќе ги претставија новите палети на бои за пролет 2015. Доколку сакате нов и свеж изглед на лицето, побарајте ги овие шминки за очи кои се достапни и во нашите продавници.

Топ 1 - Ланком

Топ 1 – Ланком

Оваа пролет на прво место ја ставаме палетата на бои на Ланком. Палетата вклучува пет мат и три светкави нијанси. Пробајте да ги комбинирате со темно зелен ајлајнер, особено розовите нијанси.

Топ 2- Диор

Топ 2- Диор

Диор нуди нежни пастелни бои кои едноставно ја повикуваат пролетта на вашето лице. Доволно се нежни за да се носат за секоја прилика. Особено ни се допаѓа светло сината сенка која може да се нагласи со истобоен ајлајнер, а и самата шминка, поради интензитивноста, може да одигра функција на ајлајнер.

Топ 3- Нарс

Топ 3- Нарс

Било-каква облека да одберете добро ќе се вклопи со овие блескави камени-тонови од палетата на Нарс. Производителот гарантира дека со новата формула на шминките со леснотија може да ги носите цел ден, без да ја изгубат нијансата и интензитетот.

Топ 2- Ту Фејсд

Топ 2- Ту Фејсд

Во последно време Ту Фејсд редовно не оставаат без зборови, само штета што ги нема во нашите продавници. Оваа сезона нудат сенки за очи инспирирани од популарните француски колачиња макаронс. Преслатко!

топ 5 - Шанел

топ 5 – Шанел

Ако сакате богати бои, без размислување одлучете се за Шанел. Сенките за очи се интензивни и даваат подраматичен изглед од претходните.

 

x

Check Also

Фризерите би сакале и вие да го знаете ова за вашата коса и фризурите

Понекогаш жените имаат погрешна перцепција за работата на нивниот фризер. Иако цените ...