Топ 5 совети за успешно и брзо слабеење

Диетите не мора да значат и измачување, туку задоволство. Држете се до овие 5 вистини и многу поедноставно ќе стигнете до целта.

Почекајте 20 минути

Почекјате 20 минути пред да одлучите дали да продолжите со јадење. Токму толку време е потребно вашиот мозок да ги препознае сигналите од телото дали сте навистина уште гладни. Докажано е дека луѓето кои ќе почекаат 20 минути пред да продолжат да јадат, сваќаат дека доста им е, односно дека се веќе сити.

Што е порција

Изградете здрава навика да препознавате порција. Порција храна значи полна шака храна, а не полна чинија. На пример, порција ориз, тоа е ориз кој можете да го премерите во својата дланка. Колку собира дланката, толку е вашата „доза“. Истото важи и за порција месо, дури и за порција овошна салата, додека порција свежа салата од зеленчук може да премерите во две дланки. Се друго – не е порција, туку претерување.

Вечера

Програмирајте ја вечерата три часа пред да си легнете. Со тоа ќе му дадете шанса на телото да ги свари и „согори“ последните внесени калории од денот. Многумина успеваат да ослабнат само благодарение на оваа навика.

Вода пред оброк

Пиењето вода, особено пред оброкот, прави да јадете значително помалку. Студиите покажуваат дека оние кои пијат две чаши вода пред оброкот губат повеќе калории отколку оние кои не пијат.

Не пропуштајте го појадокот

Никогаш не го прескокнувајте појадокот, особено ако сакате да загубите килограми. Студиите покажуваат дека појадокот помага во побрзото слабеење.

x

Check Also

Што да се јаде за трајно да се загубат килограмите

 „Скокате“ од диета на диета, некои се повеќе успешни, а други без ...