Топ 5 витамини кои лекуваат од настинки и грип

И за превенција од грип и настинки, но и доколку сме веќе болни, петте неопходни витамини побрзо ќе не закрепнат. За време на зимската сезона погрижете се да бидете доволно снабдени со витамините кои го чуваат вашето здравје, па освен преку намирниците кои ги содржат, внесувајте ги и дополнително преку суплементи.

Витамин Ц – Го стимулира одбранбениот систем, силен е антиоксиданс, а за време на настинката неговата доза треба да се зголеми на 3 г дневно. Големи количини од него наоѓаме во агрумите, брокулата, шипката, кивито, пиперката, зелката и компирот.

Извори на цинк

Цинк – За време на сеозната на настинки и грип треба да се внесуваат дополнителни дози на цинк, најдобро преку суплементи. Освен што е одличен антиоксиданс, цинкот најмногу го подигнува имунитетот. Природни извори на цинк може да најдеме во црвеното месо (свинско и говедско), житарките, пченичните трици, спанаќот, боранијата, грашокот, јајцата, млекото, виното, семките од тиква и пивскиот квасец.

Витамин А – Важен е за работата на имунолошкиот систем, но и за одржување на функцијата на слузницата која е прва одбранбена линија од штетните бактерии. Витаминот А ќе го најдеме во џигерот, млекото и млечните производи, путерот, жолчката од јајце, морковот и рибата.

Витамин Д

 

Витамин Д – на специфичен начин делува на имунолошкиот систем и го зголемува создавањето на антимикробни пептиди кои го уништуваат клеточниот ѕид на бактериите и вирусите. Најмногу го има во рибиното масло и месото, млекото и млечните производи, жолчката и печурките. За време на студените денови, кога не сме изложени на сончеви зраци, многу е важно да го зголемиме внесот на витамин Д.

Извори на Омега 3

Омега 3 – Потребите за Омега 3 масните киселини, чувари на имунитетот и воопшто на здравјето, се надокнадуваат со суплементи, а може да ги најдеме во црвените риби, како што се туната и лососот.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...