Топ 8 нови производи за летна нега на усни со заштитен фактор

Исто како и во студените денови, на нашите усни им треба соодветна нега и во текот на летото, особено кога сме изложени на сончање на плажа.

Во „морето“ на најразлични производи, ви ги сугерираме овие топ 8 кои се со докажан квалитет.

1.

Балзам за усни од nivea со заштитен фактор 30. Уште една предност – не мора повторно да нанесувате од него после капење бидејќи е водоотпорен.

 

 2.

Оние кои сакаат да „носат“ кармин и на плажа, можат да уживаат под сонцето со карминот на yves saint laurent (rouge volupte), со заштитен фактор 15. И палетата на бои е свежа и летна.

3.

Новиот производ на eos има многу симпатично пакување и вкус на лимон. Со заштитен фактор е 15.

4.

Сјајот за усни од neutrogena (moistureshine lip soother) со spf 20 ќе ги направи усните полни и навлажнети.

sl

5.

Aquaphor lip repair од eucerin дава врвна заштита на усните, а напукнатите и суви усни подеднакво може да се третираат со овој производ.

sl

6.

Уште еден сјај со убава палета на бои и заштитен фактор 10, од dior од серијата addict lip glow.

sl

7.

Карминот на  guerlain (shine hydrating lip shine) е водоотпорен и со заштитен фактор 10. Воедно и ги навлажнува усните.

sl

8.

Балзамот од clinique (intense moisturizing lip colour balm) дава убава боја и сјај на усните, а има заштитен фактор 15.

sl

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...