Со паѓањето на температурите, започнува и нашиот лов на парки.

Масимо Дути
Ги сакаме затоа што се практични за носење и комбинирање, а исто така се и ефектни. Па, не не чуди што секоја година парките ги наоѓаме редовно во колекциите на популарните „хај стрит“ модни марки.
Најпопуларни модели за оваа сезона се оние со едноставен крој и со качулка, а од боите доминира маслинесто-зелената. Елегантни модели на парки ќе најдете во есенската колекција на Масимо Дути, а фраерски во REPLAY.
За оние кои ги сакаат боите, тука се парките во бордо нијанса, а наша омилена парка на листата е кратката жолта парка од Зара. Освен трендовската бордо нијанса, во продавниците може да најдете модели во беж нијанса, темносина, црна и сива – неутрални тонови кои се комбинираат буквално со секаков избор на облека.
Барате парка? Еве каде може да најдете модерен модел.
- зара
- масимо дути
- Масимо Дути
- риплеј
- страдивариус
- зара
- зара
- страдивариус