Кардиган џемперчињата се неизбежен дел од секоја есенска и зимска гардероба, одлична (и топла) замена се за сако на работното место, а за релаксирани излегувања истите супер се комбинираат со фармерки и патики.
Ако се двоумите каков модел да одберете, прегледот на новата колекција од H&M може да ве инспирира, па и да ви понуди соодветен одговор.
Шведската модна марка за оваа сезона носи повеќе модели во најбараните бои на годината, но и во црни и неутрални тонови кои совршено се надополнуваат со светла кошула.
Погледнете ги најубавите модели во фотогалеријата.