Топ 9 модели на еспадрили од кои „боли глава“ – достапни се во продажба!

Класиците кои никогаш всушност и не излегоа од мода, еспадрилите, пред неколку сезони во голем стил се вратија на модната сцена. Неодоливиот тренд од светот на обувките, за многумина неопходен моден додаток во секоја комбинација, продолжува и оваа пролет/лето. Популарните модни куќи во своите нови колекции понудија еспадрили подобри од било-кога, во безброј различни изданија.

Годинава дизајнерите го ставија акцентот еспадрилите со глитер ефект и оние со шарен и впечатлив принт. Сепак, не недостигаат и еднобојните модели, во свежи и модерни дизајни, кои лесно се комбинираат со секоја избор на облека.

Наши фаворити на сезоната се златните еспадрили од колекцијата пролет/лето на Super Dry (и цената им е супер!), иако тешко ќе одолееме и на новите модели од Levis и Replay.

Super Dry

Во продолжение погледнете ги нашите фаворити од пролетните колекции на популарните брендови на Фешн Груп. Достапни се во продажба.

 

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...