Топ моделите и нивните секси креации на AMFAR во Кан

На 25-то издание на хуманитарниот настан AMFAR, кој традиционално се одржува во маките на Канскиот филмски фестивал, а има цел да собере донации во борбата потид СИДА-та, се појавија и топ моделите во многу секси креации.

Топ моделот Сара Сампајо за оваа пригода одбра светкав, плисиран макси фустан, во интензивна сина нијанса. Креацијата е со нагласен шлиц.

Сара Сампајо

Ангелот на Викторија сикрет, Елза Хоск, носеше црвен макси фустан со доза на холивудски гламур и скапоцен накит. Изгледот е заокружен со нежна шминка и контастно – интензивен црвен кармин.

Елза Хоск

Воздишки предизвика и црномурестата Лаис Рибеиро, облечена во припиен смарагдно-зелен фустан во сирена стил. Впечатлив е задниот дел кој го открива грбот на убавицата. Изгледот е надополнет со висечки обетки.

Лаис Рибеиро

Топ моделот Алесандра Амброзио пак, за оваа пригода одбра раскошен макси фустан во силна, розова нијанса.

Алесандра Амброзио

Нејзината колешка, Андријана Лима, го истакна целиот свој препознатлив сексапил преку проѕирна светкава креација, дополнително украсена со високи резови.

Андријана Лима

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...