Топ моделот Бехати Принслу го најави своето враќање на шоуто на Викторија сикрет

Традиционално во ноември ќе се случува спектакуларното шоу на Викторија сикрет, а листата на модели кои ќе настапат оваа година е веќе објавена. Од популарните ангели до нови лица, на листата се многу прочуени имиња меѓу кои и ветеранот-ангел Бехати Принслу.

Топ моделот со потекло од Намибија не учествуваше на големата ревија на Викторија сикрет во 2016 и 2017 година поради бременоста и породувањето, но сега го најави своето големо враќање на модната писта. Во емисијата ‘Watch What Happens Live’ , емитувана минатата недела, Принслу рече – Се враќам годинава, пропуштив две години бидејќи бев бремена, и сега сум многу возбудена што ќе настапам на 8ми ноември.

од настапот на шоуто на Викорија сикрет во 2015 година

x

Check Also

Топ моделот Кејт Аптон се породи, бебето се вика Женевиев

Топ моделот Кејт Аптон, позната по своите раскошни облини и миленичка на ...