Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а на телевизија ќе се прикажува на 2 декември. Шоуто ќе биде збогатено со изведувачите Рита Ора, Шон Мендес, Бебе Рекса, „Чејнсмокерс“ и други.

Традиционално, една од ангелите на Викторија сикрет, се одбира да го носи скапоцениот „Фантази бра“ (градник на фантазиите), а годинава таа чест ќе ја има шведската манекенка, и ангел на Викторија сикрет, Елза Хоск.

Градникот е изработен од дизајнерите од Сваровски и на него има 2.100 „сваровски“ дијамантчиња од 71 карат. На изработка на градникот на фантазиите работеле четири лица на кои им биле потребни 930 часа за да го создадат.

Цената му е неверојатни милион долари!