Топ моделот Емили Ратајковски и комичарката Еми Шумер уапсени на протест

Вчера во Вашингтон бил одржан митинг против Брет Каванауг, кандидатот на Доналд Трамп за врховен судија на САД.

На митингот се придружиле бројни славни личности, а полицијата уапсила 300 демонстранти меѓу кои и топ моделот и актерка Емили Ратајковски и комичарката Еми Шумер.

-Денес сум уапсена во текот на протестот против кандидатот за врховен судија, Брет Каванауг, човекот кој е обвинет од повеќе жени за сексуално злоставување. Човек кој ќе и наштети на жена не може да биде на таква моќна функција. Потврдата за неговата кандидатура е порака за жените на оваа земја дека не се важни. Барам од владата да признае, да ги почитува и да ги поддржува правата на жените еднакво како на мажите, напиша Ратајковски на својот Инстаграм профил, откако е пуштена од полиција.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...