Поранешниот ангел на Викторија сикрет, Миранд Кер, го роди своето второ дете, момченце.
Таа и нејзиниот сопруг Еван Спигел, ко-сопственик на Интернет мрежата Снепчет, се одлучија за името Харт Спигел, според името на дедото на сопругот.
Моделот има уште едно дете, 7-годишниот Флин Блум, од бракот со Орландо Блум. За Еван пак, ова е негово прво детенце.
„Со зборови не може да се опише колку сме среќни за нашиот преубав син, нов член во семејството“, рече Еван Спигел и додаде – „Миранда е добро, а Флин е возбуден што е голем брат. Им благодариме на фановите за сите убави зборови и желби за време на ова посебно време за нас“.