Топ моделот Роми Стрејд ја претстави пролетната женска колекција на Hugo Boss

Холандскиот супермодел и ангел на Викторија сикрет, Роми Стрејд, е лице на рекламната кампања на Hugo Boss за колекцијата пролет 2018.

Германската модна марка Hugo Boss ја лансираше кампањата насловена Summer of Ease за пролетната колекција. Друштво на Стрејд во кампањата и прави актерот Себастијан Стен.

Новата сезона е фокусирана на фустани со принт, колоритни плетки во пастелни бои и елегантни кошули и панталони во бела и песок нијанса.

Целата женска колекција на Hugo Boss е дизајнирана во препознатливиот стил во кој доминира совршениот крој, чистите линии и елегантните ноти.

x

Check Also

Timberland колекција есен/зима 2018: Го продолжуваме патувањето низ „урбаната шума” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со поглед кон минатото и чекор кон иднината, колекцијата на Timberland за ...