Ангелот на Викторија сикрет, топ моделката Стела Максвел, е заштитно лице на новиот мирис на Москино за пролет 2021.
Моделката од Нов Зеланд се појавува во кампањата за парфемот Moschino Toy 2 Bubble Gum, фотографирана од дизајнерот Џереми Скот. Облечена во сребрен костум на астронаут, украсен со мече и патенти, таа изгледа шик во рекламата. Фризурата пак и е во стилот на 60-те со што Москино ни го најавува и враќањето на овој тренд.
Парфемот е опишана како овошен и цветен, а потсетува на гума за џвакање, вклучувајќи и ноти на агруми, боровинки, цимет, и портокал. Шишето на мирисот е во форма на мече со потпис на Москино во розово стакло. Покрај фотографиите, Стела се појавува и во комерцијален спот каде од плажа оди во вселената.